Киев: Спречен обид за уфрлување руски војници во Украина

Од:

Украинските власти соопштија дека спречиле обид на Русија да испрати војници преку границата во Украина под изговор дека испраќаат хуманитарна помош.

– Огромен конвој се движеше кон украинската граница во придружба со руски војници и воена опрема, изјави Валериј Чалиј, заменик шеф на Кабинетот на претседателот во интервју за Украинската телевизија.

– Наводно, во договор со МКЦК во Украина, хуманитарен конвој од „мировници“ требаше да влезе во државата очигледно за да предизвика сеопшт судир, тврди Чалиј.

Тој нагласи дека обидот бил спречен по дипломатски канали без да даде повеќе детали. Чалиј додаде дека Црвениот крст демантирал информација дека Русија со нив се договорила за испраќање хуманитарен конвој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми