Украина ќе соборува руски хеликоптери во случај да го нарушат украинскиот воздушен простор, изјави денеска секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО) на Украина Андреј Парубиј.
Украинските граничари тврдат дека претходно регистрирале такви случаи, пренесува ИТАР – ТАСС.
Парубиј рече дека украинската авијација лета долж границата со Русија и Белорусија за да одреди каде и колку руски сили се таму распоредени, но и за оцени колку опасен може да биде правецот по украинско-белоруската граница.
Тој не ја исклучи можноста за воведување вонредна ситуација во источниот дел на земјата наскоро, наведувајќи дека СНБО веќе подготвил таков документ.