Киев: Русија ја злоупотребува нуклеарната централа Запорожје

Од:

Градоначалникот на украинскиот град Енерходар, Дмитро Орлов денеска ги обвини руските војници дека ја користат нуклеарната централа Запорожје како тврдина од која отвораат оган.

– Окупаторите почнаа да користат тешко оружје во близина на нуклеарната централа Запорожје, во населени места. Ваквата состојба беше забележана во текот на минатата недела. Окупаторите го гранатираат градот Никопол, на спротивниот брег на реката и многу добро знаат дека украинските вооружени сили нема да одговорат на овие напади бидејќи можат да ја оштетат нуклеарната централа, изјави Орлов за украинската телевизија Еспресо.

Орлов не е во Енерходар бидејќи тој град е под контрола на руските сили уште од првите денови на војната, но вели дека сè уште е во блиска комуникација со своите сограѓани, пренесува Си-Ен-Ен.

– Окупаторите ги користат работниците на централата и локалните жители како заложници. Тие киднапираат граѓани за пари или другa корист, поради што луѓето се кријат во подрумите, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Повторно кренати шатори на плоштадот Мајдан, демонстрантите бараат отчет од Порошенко и Владата

Емир Латифовиќ

Во Дебалцево загинале 13 украински војници, 90 се заробени, а 82 се исчезнати

Емир Латифовиќ

Најмалку 10 загинати и 13 повредени во гранатирање на патнички автобус во источна Украина

Емир Латифовиќ

Украинскиот крал на гасот Сергеј Курченко доби српско државјанство

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Масовни протести во Украина

Емир Латифовиќ

Првата парада на гордоста забранета во Украина

Емир Латифовиќ