Украинската армија ги обвини денеска проруските сили за оружен напад врз украински воени контролни пунктови на повеќе места во источниот дел на земјата, и покрај објавениот прекин на огнот.
За време на синоќешните инциденти не се случиле посериозни судири, ниту имало жртви. Украинските власти објавија прекин на огнот до 27 јуни.
Портпаролот на Владата во Киев, задолжен за „антитерористичка операција“, Владислав Селезњов објави на Фејсбук дека проруските сили „не престануваат да пукаат врз позициите на украинските војници“.