Украинскиот министер за надворешни работи Андреј Дешчицја изјави дека за време на велигденските празници на истокот на земјата се запрени акциите против проруските воени сили.
Дечшицја реле дека безбедносните сили на Украина ќе ги продолжат воените акции, доколку сепаратистите продолжат да ги заземаат државните институции.
Проруските сили одбиваат да ги напуштат институциите во неколку градови, кршејќи го договорот постигнат во четвртокот во Женева.
Шефот на украинската дипломатија објасни дека целта на воените акции на Украина на истокот на земјата е „враќање кон нормалниот живот и заштита на населението“; но дека за време на Велигден ќе бидат запрени.