Киев објави дека е изгубена врска со воениот авион во Луганск

Од:

Украинската војска изгуби денеска контакт со својот воен транспортен авион „Ан-26“ кај Луганск во источна Украина, каде се водат тешки борби со проруските сили, додека прес-службата на самопрогласената „Луганска Народна Република“ тврди дека се соборени два украински воени авиони.

Според Олексиј Дмитрашкивски, портпарол на владината „антитерористичка операција“ против проруските сепаратисти, врската со екипажот на авионот била загубена денеска попладне. Портпаролот не даде други детали.

ИТАР-ТАСС јавува дека според објава на Фејсбук на прес-центарот на владината операција авионот „Ан-26“ летал по задача „во рамки на исполнувањето на активната фаза на антитерористичката операција“. Тој тип авиони, разработени во 60-те години на минатиот век, можат да превезат од 30 до 40 луѓе.

Дел од западните медиуми јавуваат дека три падобрани се забележани на небото над Луганск, откако украинскиот авион, наводно, е соборен во близина на тој град и оти воени патроли се испратени да го пронајдат екипажот.

Во исто време проруските сили и прес-службата на т.н. Луганска Народна Република соопштија дека еден украински авион е соборен во областа Лисичанск, а другиот во близина на руско-украинскиот граничен премин Изварино.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми