Киев: Најмалку десет загинати во напад во Мариупол, ДНР негира

Од:

Најмалку десет лица се убиени во напад на проруски сепаратисти во источниот украински град Мариупол, соопшти денеска шефот на полицијата во контролираниот од Киев дел од Доњецката област Вјачеслав Аброскин.

Аброскин на својот „Фејсбук“ профил објави дека луѓето загинале во напад врз станбен комплекс во Мариупол. Украинската армија објави дека нападот врз кварт на Мариупол бил извршен со ракети „Град“.

Министерството за одбрана на самопрогласената Доњецка народна република ги отфрли ваквите тврдења. Сепаратистите информацијата ја оценија како отворена дезинформација и лага, како и дека не бил извршен напад на Мариупол, јави ТАСС.

Центарот на ДНР објави дека борците не располагаат со артилерија што може да врши напади на делови од Мариупол за кои украинските сили тврдат дека се нападнати.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина