Киев: Најмалку 15 загинати во напад во Мариупол

Од:

Најмалку 15 лица се убиени во напад на проруски сепаратисти врз станбен кварт во украинскиот град Мариупол, стратешко пристаниште  во југоисточниот дел на земјата, соопшти украинското министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека во нападот се убиени 15 лица, а 46 повредени, вклучително девојче на 12 годишна возраст.

Претходно шефот на полицијата во контролираниот од Киев дел од Доњецката област Вјачеслав Аброскин на својот „Фејсбук“ профил објави дека најмалку десет лица загинале во напад врз станбен комплекс во Мариупол.

Украинската армија објави дека нападот врз кварт на Мариупол бил извршен со ракети „Град“.

Министерството за одбрана на самопрогласената Доњецка народна република ги отфрли ваквите тврдења. Сепаратистите информацијата ја оценија како отворена дезинформација и лага, како и дека не бил извршен напад на Мариупол, јави ТАСС.

Центарот на ДНР објави дека борците не располагаат со артилерија што може да врши напади на делови од Мариупол за кои украинските сили тврдат дека се нападнати.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина