Киев најави продолжување на операцијата во источна Украина

Од:

Секретарот на украинскиот Совет за безбедност и одбрана Андриј Парубиј денеска соопшти дека операција на безбедносните сили во источна Украина ќе продолжи без разлика какви одлуки ќе донесат проруските сепаратисти, вклучувајќи ја и таа од референдум на 11 мај, јави ИТАР-ТАСС.

– Ние ќе ја продолжиме операцијата. Уверени сме дека таа ќе продолжи успешно и ќе го има очекуваниот ефект, нагласи Парубиј на прес-конференција во Киев.

Германската Влада вчера ги повика украинските власти да ја прекинат офанзивата во источните региони на земјата.

– Киев треба да ги прекине своите воени дејствија против проруските сепаратисти во источна Украина, изјави координаторот на германската Влада за односите со Русија, Гернот Ерлер во интервју за весникот „Ноје Оснабрукер Цајтунг“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми