Киев ќе ја продолжи воената операција во Доњецк, додека не бидат ликвидирани сите сили на сепаратистичката Доњецка народна република, изјави денеска портпаролот на украинските вооружени сили Олексиј Дмитрашковски.
Според портпаролот, убиени се најмалку 200 лица од сепаратистичкото движење. До вечер ќе има точни податоци, додаде тој.
– Украинските безбедносни структури целосно го контролираат меѓународниот аеродром во Доњецк, изјави претходно министерот за внатрешни работи Арсен Аваков.
Според него, Киев реагирал на дејствијата на сепаратистите од самопрогласената Доњецка народна република и украинските војници наложиле контрола над аеродромот.