Киев и проруските сили тврдат дека го почитуваат прекинот на огнот

Од:

Протоколот за прекин на огнот на исток во Украина, што вчера беше потпишан во Минск, засега го почитуваат и Киев и проруските сили, јавуваат западни и руски медиуми.

– Украинските сили прекинаа со огнот на исток во државата во 18 часот по локално време, соопшти претставникот на Националниот совет за безбедност на Украина, Андреј Лисенко.

Руските медиуми пренесоа изјави на локални команданти од проруските сили од Доњецката народна република дека прекинале со нападите.

Протоколот за прекин на огнот на исток во Украина го потпишаа во Минск претставници на Украина и на самопрогласените Доњецка и Луганска народна република.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми