Киев ги враќа воените возила од Краматорск во базата во Дњепропетровската област

Од:

Командата на воената акција во Јужна Украина донесе одлука да повлече од Краматорск 15 борбени десантни возила и да ги врати во нивната база во Дњепропетровската област, соопшти прес-службата на украинското министерство за одбрана, пренесува ИТАР-ТАСС.

– Петнаесет единици оклопни возила, кои беа блокирани од демонстранти во близина на селото Пчолкино, јужно од Краматорск, денеска се враќаат на своите места во Дњепропетровската област, се наведува во соопштението на прес службата.

За деблокирање на воените  возила со демонстрантите преговараше командантот на десантната војска на украинските вооружени сили полковник Александар Швец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми