Кибер напад врз Министерството за надворешни работи на Австрија

Од:

Министерството за надворешни работи на Австрија соопшти дека синоќа успеало да се одбрани од кибер напад од странство, најверојатно од Турција.

Во соопштенито се наведува дека хакерите речиси три часа го напаѓале серверот на сајтот на австриското Министерство.

Сајтот поради нападот е отстранет од мрежата, но системот на Министерството не бил оптетен од нападите.

– Нападот е забележан за кратко време, соопшти од Министерството, истакнувајќи дека немало упад во податоците.

Според Миниснтерството, кибер нападот најверојатно потекнува од Турција.

– Нема да дозволиме некој да не заплаши со такви напади. Австрија останува при својот став за Турција, порача министерот за надворешни работи Себастијан Курц.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник