Кери бара наоѓање „допирни точки“ со Русија во врска со конфликтите во Украина и Сирија

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека е неопходно САД и Русија да најдат „допирни точки“ за запирање на граѓанската војна во Сирија и за враќање на стабилноста во источна Украина, пренесоа американските медиуми.

Кери, кој разговараше со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, изјави дека светот има корист кога големите сили се договараат за пристапот кон големите кризи.

– Дури кога меѓу нас има разлики ние можеме ефикасно да работиме врз конкретните прашања, изјави Кери, кој во Москва има договорена средба и со рускиот претседател Владимир Путин.

-Денеска се надеваме дека ќе најдеме некакви допирни точки, рече тој.

Русија и САД имаат разлики за механизмот на политичкиот преод за запирање на војната во Сирија, како и за воениот пристап во борбата со групата Исламска држава.
Во врска со Украина двете земји се поделени околу прашањето за примена на Минскиот договор од февруари годинава, кој има за цел да им стави крај на воените дејствија меѓу Владата во Киев и сепаратистите од источна Украина, кои се поддржани од Русија.

Лавров го потенцира постоењето на недоговорените прашања со САД околу политичкиот преод во Сирија, а во врска со Украина кажа дека САД треба да го искористат своето влијание  врз Владата во Киев за да се надмине конфликтот со сепаратистите.

Кери ја пофали Русија за тоа што „дава значаен придонес за напредокот во Сирија“, и изјави дека  Вашингтон и Москва го споделуваат ставот дека Исламска држава треба да биде уништена.

-Русија и САД се согласни дека ова е закана за сите, за секоја земја, рече тој.
„Тоа се најлошите терористи. Тие ја напаѓаат културата, историјата и сето убаво. Цивилизираните држави немаат друг избор, освен да застанат заедно со нас, да се борат и да ги уништат“, изјави Кери.

Би можело да ве интересира

Божиќен хаос во САД: „Американ ерлајнс“ денеска ги приземји сите свои авиони

Бил Клинтон ја напушти болницата со дијагноза на грип

Горан Наумовски

Трамп сака да ги заштити Американците од „насилни силувачи, убијци и чудовишта“

Горан Наумовски

Пијан возач влетал во трговски центар во САД и повредил пет лица

Стигна предупредување за Трамп: Иран може да направи нуклеарна бомба

Горан Наумовски

Кремљ: САД е непријателска земја за Русија

А1он