Кери: Асад мора да си замине од власт

Од:

Сирискиот претседател Башар ел Асад мора да си замине од власт, а кога ќе се случи тоа ќе биде договорено со преговори, изјави денеска американскиот државен секретар Џон Кери.

– Ние сме подготвени за преговори. Но, дали Асад е подготвен да преговара на вистински преговори. Дали е Русија подготвена да го донесе на преговарачката маса, праша Кери на заедничката прес-конференција со шефот на британската дипломатија Филип Хамонд, одржана по нивната денешна средба во Лондон.

Според Кери, заминувањето на Асад од власта не мора да се случи за еден ден или еден месец, туку во процес во кој сите страни ќе постигнат согласност за тоа.

Кери ги повика Русија и Иран да го искористат своето влијание врз Дамаск и да го убедат Асад да се согласи на преговори со опозицијата.

– Треба да одиме на преговори. Тоа е нешто што го сакаме и се надвеаме дека Русија или која било друга земја со влијание. ќе помогне да дојдеме до преговори, порача Кери, додавајќи дека е потребно обновување на напорите за изнаоѓање политичко решение за конфликтот во Сирија и за бегалската криза.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ