Келог: Масовното гранатирање на Украина од страна на Русија е „срамно“

Од:

Специјалниот претставник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог, денес оцени дека масовниот напад на руските сили врз градовите и селата во Украина во текот на изминатата ноќ е „срамен“ и дека претставува кршење на Женевските конвенции.

„Ова е Киев. Недискриминирачкото убивање на жени и деца ноќе во нивните домови е јасно кршење на Женевските мировни протоколи од 1977 година, кои беа наменети за заштита на невини луѓе. Овие напади се срамни. Запрете го убивањето. Прекинете го огнот веднаш“, рече Келог на платформата X.

Во масовниот руски напад врз Украина синоќа, 12 лица беа убиени, а повеќе од 60 беа повредени.

Меѓу загинатите се три деца од едно семејство во Житомирската област, јавуваат украинските медиуми.

Според најновите податоци од Националната полиција, бројот на жртви во регионот Киев се зголеми на 33, вклучувајќи седум деца, а четири лица починаа.

Руската армија употреби 367 ракети и беспилотни летала во Киев и други градови.

Силите за воздушна одбрана соборија 45 крстосувачки ракети и неутрализираа 266 дронови, објави Укринформ.

Би можело да ве интересира

Келог: Изјавите на Медведев за Третата светска војна се неодговорни и несоодветни

Келог: Ако Путин дојде во Истанбул, доаѓа и Трамп

А1он

Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

А1он

„Русија не планира да ги напушти окупираните територии во Украина“

Катерина Ѓуровски

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Келог: Не можам да гарантирам продолжување на помошта за Украина, ќе одлучи Трамп