Кејт Мекан – можам да му простам на грабнувачот на мојата ќерка Меделин

Од:

Мајката на малата Англичанка, Меделин Мекан која во мај 2007 година исчезна во одморалиштето Праја до Луш, во јужната област Алгарве во Португалија, изјави дека би можела да му прости на грабнувачот.

Според Кејт Мекан, таа и нејзиниот сопруг не знаат кој е грабнувачот, а не ги знаат ниту мотивите за неговата постапка, но по шест години поминати без ќерката и без да знае зошто и го грабна детето, таа би можела да му прости за она што го направи.

Ваквата промена на односот, Мекан која е мајка на уште две деца и лекар по професија, од едно место во близината на градот Лестер во Англија, го објаснува со тоа што нема никакви сознанија и докази дека Маделин е мртва. Целото семејство е убедено дека нивната ќерка е жива и порасната.

Семејството и понатаму го слави нејзниот роденден, на 12 мај таа би требало да прослави десет години, а пред Божиќ, под елката секогаш има подарок и за исчезнатото девојче.

Кејт Мекан во недела ќе трча на лондонскиот маратон, за да обезбеди донација од 20 илјади фунти за хуманитарната организација „Исчезнати луѓе“. Таа признава дека овој месец за прв пат ги оставила своите други, две деца, сами во нејзиниот автомобил, додека на една бензинска пумпа ги плаќала сметките.

Меделин Мекан исчезна од хотелскиот апартман, додека нејзините родители, со нивните пријатели беа на вечера во еден ресторан во непосредна близина на хотелот. Со Меделин во апартманот спиеја и нејзините брат и сестра, но нив ништо не им се случи. Целото семејство беше во Праја до Луш на кус одмор, за да го прослават четвртиот роденден на Меделин.

Португалската полиција покрена истрага за девојчето, но набргу го смени мислењето, осомничувајќи ги родителите на Меделин дека ненамерно ја убиле, давајќи и посилна доза од некој препарат за спиење. Полицијата тврдеше дека кога ги фатило паника, родителите почнале да тврдат дека некој им го грабнал детето. Не беа најдени докази за оваа верзија на случајот, па португалското јавно обвинтелство го затвори случајот како неразрешен.

Семејството Мекан досега ангажираше повеќе приватни агенции трагајќи по ќерката, а минатата година се вклучи и Скоталнд Јард, во потрагата, но засега нема никакви сознанија што навистина се случило.

Би можело да ве интересира

Германското државно обвинителство подигна обвинение за осомничен во случајот Меделин Мекен

Ана Ололовска

Малата Меделин Мекејн завршила во бунар?

Емир Латифовиќ

Антибритански графити во Португалија против обновената потрага по Маделин Мекан

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Полицијата има осомничен за грабнувањето на Меделин Мекејн

Емир Латифовиќ