Кастро: Не ги провоцирајте нуклеарните сили Русија и Кина

Од:

Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро ја предупреди вчера меѓународната заедница да не им упатува провокации на Русија и Кина, кои можат да ги поттикат овие две земји да употребат нуклеарно оружје.

– Големите сили, како што се Русија и Кина, не смеат да бидат изложени на закани, кои ќе ги принудат да употребат нуклеарно оружје, порача Кастро во авторскиот текст, кој вчера, по повод неговиот роденден, беше објавен во весникот „Гранма“.

– Народите на Русија и Кина се одликуваат со голема храброст и интелегенција, додаде некогашниот лидер на Кубанската револуција, кој во написот исто така го критикуваше стариот непријател САД.

Кастро вчера наполни 90 години. Од сите функции официјално се повлече во 2008 година, откако тешко се разболе, а власта му ја предаде на неговиот брат Раул.

Би можело да ве интересира

Кастро го критикува Трамп, отфрла американски „лекции“

Наум Локоски

Кубанското раководство му одаде почит на Фидел Кастро – бели рози и заклетва на верност

Емир Латифовиќ

Над 20 странски лидери ќе учесвуваат на погребната церемонија на Фидел Кастро

Емир Латифовиќ

Фидел Кастро и Шинѕо Абе повикаа да биде уништен светскиот нуклеарен арсенал

Емир Латифовиќ

Фидел Кастро наполни 90 години, многу Кубанци не знаваат за живот без него

Емир Латифовиќ

Фидел Кастро се појави во јавноста на неговиот 90. роденден

Емир Латифовиќ