Карл Билд не доби дозвола да ја посети Тимошенко

Од:

Шефот на шведската дипломатија Карл Билд не доби дозвола да оствари средба со поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која се наоѓа на издржување на затворска казна во женскиот затвор „Качановски“ во Харковската област.

Неодобрување на средбата е вознемирувачко, кога станува збор за развојот во Украина, вели Карл Билд.

Тимошенко има можност да покани лица што ќе ја посетат во затворот четири пати месечно, поради што сакаше да оствари средба со Карл Билд, кој вчера се наоѓаше во посета на Украина.

Зборував со украинскиот министер за надворешни работи и јасно му ставив до знаење што мислиме за постапката од страна на украинските власти. Тоа, благо речено, е чудно, потенцира Билд.

Карл Билд вчера, заедно со други претставници на ЕУ, учествуваше на една политичка конференција во Украина, при што имаше средба и разговори со украинскиот претседател Виктор Јанукович.

На средбата со Јанукович се изнесени критики против селективната правда и лошото спроведување на судски процеси во Украина, јавија шведски медиуми.

Третманот на Јулија Тимошенко претставуваше пречка во преговорите околу спогодба меѓу ЕУ и Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Убивме тројца руски генерали со ХИМАРС

Зеленски: Повеќе од 3.000 севернокорејски војници се убиени или ранети во борбите за Курск

Украинците за првпат заробија севернокорејски војник

Горан Наумовски

Најмалку осум лица се ранети во руски напад во украинскиот град Никопољ

Путин: Нема време да се потпише нов договор за транзит на гас со Украина

Путин: Ќе нападнеме повторно, но не брзаме

Горан Наумовски