Три месеци по неговото назначување за кардинал, епископот Ричард Куија Баавобр од Гана почина во неделата, на 63-годишна возраст.
Папата Франциск денеска изрази сочувство до неговото семејство и неговата епархија Ва на северот на западноафриканската земја.
Светата столица не даде никакви информации за причината за смртта.
Тој беше назначен за кардинал на 27 август, што ќе му дадеше право да учествува во изборот на нов папа на конклава, потсетува ДПА.
Извор: МИА