Австрија денеска најверојатно денеска нема да добие претседател, откако двајцата кандидати освоија практично еднаков број гласови, така што мора да се почека пребројувањето на гласовите пристигнати преку пошта.
Кандидатите Норберт Хофер од Слободарската партија (ФПО) и независниот кандидат Александар ван дер Белен, некогашниот лидер на Зелените, освоија, по нешто повеќе од 90 отсто преброени гласови по 50 отсто.
Поради можните осцилации од плус минус еден отсто конечната одлука за претседател на Австрија ќе ја донесат гласовите предадени преку пошта.