Канада веднаш воведe царини од 25 отсто за увоз од САД

Од:

Канада веднаш воведува царини од 25 отсто за увоз од САД во вредност од 30 милијарди канадски долари, изјави премиерот Џастин Трудо за новинарите.

Трудо ја објави оваа одлука само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз од Мексико и Канада, пренесува Ројтерс.

Канадскиот премиер Џастин Трудо остро ја осуди одлуката на претседателот Доналд Трамп да воведе казнени царини за неговата земја.

„Доналд, тие укажуваат дека, иако си многу паметен човек, ова е многу глупав потег“, рече налутено тој на прес-конференцијата во вторникот, објави Дејли мејл.

Увозот од Канада сега ќе се оданочува со тарифа од 25%, бидејќи тарифите на Трамп стапија на сила во вторникот.

„Денес САД започнаа трговска војна против Канада, нејзиниот најблизок партнер и сојузник и најблизок пријател“, рече Трудо. „Истовремено, тие зборуваат за позитивна соработка со Русија и за смирување на Владимир Путин, лажливиот убиец и диктатор. Некој објасни како тоа има смисла.

Би можело да ве интересира

Трамп: Воведувам глобални царини од 10 проценти

Горан Наумовски

Американските акции растат откако Врховниот суд пресуди против царините на Трамп

Масовниот убиец од Канада имал ментални проблеми – тој ѝ бил познат на полицијата

Горан Наумовски

Полицијата сè уште не го откри мотивот за масакрот во Канада, ниту пак е пронајдена порака од напаѓачот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масакр во Канада: 10 мртви, 25 повредени, идентификуванa е напаѓачката

Катерина Ѓуровски

Суспендирана e скокачка со стап која ја финансира својата кариера на OnlyFans

А1он