Кампањата во источна Украина секој месец го чини Киев 130 милиони долари

Од:

Антитерористичката кампања во источна Украина секој месец го чини Киев над 1,5 милијарди украински гривни (130 милиони долари) и затоа властите имаат потреба од дополнителни средства за покривање на растечките трошоци, соопшти денеска украинскиот министер за финансии Олександар Шлапак.

– Треба да побараме дополнителни ресурси за оваа операција, рече Шлапак на средбата со лидерите на партиите застапени во украинскиот Парламент.

Министерот за финансии уште додаде дека украинската економија во првото полугодие од 2014 година ослабнала за пет проценти.

Киев прогнозира дека годинава ќе забележи пад на бруто домашниот производ од 6,5 проценти, иако претходно предвидуваше намалување од три проценти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми