Кампањата на Трамп собра рекордни 50,5 милиони долари на вечера со донатори

Од:

Додека се обидува да ја достигне кампањата на Џозеф Бајден за собирање средства, Доналд Трамп денеска објави дека собрал 50,5 милиони долари во саботата.

Пријавените донации на голем донаторски настан одржан во домот на милијардерот-инвеститор Џон Полсон во Палм Бич, Флорида, поставија нов рекорд и повеќе од двојно го зголемија износот што кампањата на Бајден неодамна ја собра на митингот со поранешните претседатели Бил Клинтон и Барак Обама во Radio City Music Hall во Њујорк, пренесува АП.

„Појасно е од кога било дека ја имаме пораката, организацијата и парите да го однесеме претседателот Трамп до победа на 5 ноември“, се вели во соопштението на високите советници на Трамп, Крис Ла Сивита и Сузи Вајлс.

Настанот, наречен „Инаугуративна вечера на лидерите“, сигнализираше оживување на собирањето средства за Трамп и Републиканската партија.

„Тоа беше неверојатна ноќ уште пред да започне бидејќи луѓето сакаа да придонесат за каузата за повторно да се направи Америка голема. Тао и се случи“, накратко изјави Трамп во разговор со новинарите.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп