„Калашников“ е пред колапс

Од:

Русинот Михаил Калашников, кој ја дизајнираше автоматската пушка АК-47, побара денеска од рускиот претседател Владимир Путин да го спречи падот на легендарната фабрика во која тој го произведе ова оружје.

Деведесет и две годишниот Калашников и 16 негови колеги испратија отворено писмо до претседателот Путин, нагласувајќи дека производството во фабриката за мотори и оружје „Измаш“ се намалило на рекордно ниско ниво.

Во писмото се наведува дека работниците се принудени да му се обратат на претседателот „поради катастрофалната ситуација во некогашниот гигант на преработувачката индустрија“.

– Тажно е и срамота да се види како се уништува нешто што го граделе повеќе генерации. Денешното ниво на производството е пониско од било кога. Во име на ветераните кои го имаат поминато поголемиот дел од животот во „Измаш“, бараме од вас да ја зачувате нашата фабрика, пишуваат ветераните.

Во писмото се додава дека производството на ловечките и спортски пушки е прекинато, а извозните договори се раскинати.

Фабриката „Измаш“, основана во 1807 година за време на владеењето на царот Александар Први (1777-1825), и понатаму е еден од најголемите производители на оружје во Русија, вклучувајќи ја и пушката АК-47, позната како „Калашников“.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио