Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, повика на итен прекин на непријателствата во Либан и ги повика сите страни да го почитуваат договорот за прекин на огнот постигнат меѓу САД и Иран.
– Ги повикуваме сите страни целосно да го почитуваат прекинот на огнот низ целиот регион, да ги прекинат сите воени операции и целосно да обезбедат слобода на пловидба и слободно и безбедно минување низ Ормутскиот теснец, во согласност со меѓународното право, изјави Калас во соопштението, пренесува Ројтерс.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека наредил почеток на директни преговори со Либан „што е можно поскоро“, додека либанската страна инсистира на прекин на огнот пред да започнат какви било разговори.
