Калас: Палестинците мора да можат да живеат во Газа

Од:

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас изјави дека Газа никогаш повеќе не смее да биде рај за теророт и повика на втора фаза од договорот за ослободување на заложниците со Хамас.

Говорејќи на прес-конференција по состанокот на Советот за асоцијација меѓу израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар и министрите за надворешни работи на ЕУ, Калас повика на преминување во втората фаза од договорот за ослободување заложници со Хамас, објави Тајмс оф Израел.

Таа се изјасни и против предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на жителите на Газа, велејќи дека „Палестинците мора да можат да живеат во Газа“.

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Америка сака да ја подели Европа

Илјадници Палестинци на контролните пунктови: Само 10.000 верници добија дозвола да влезат во Ал-Акса

Калас: ЕУ веројатно нема да постигне договор за нови санкции против Русија

Калас: Москва не е непобедлива – нејзината војска трпи рекордни жртви

Калас: Формирањето на европска армија е исклучително опасно

А1он

Калас: Без притисок, Русија нема да преговара за мир