Калас: Израелската офанзива врз Газа ќе ја влоши веќе лошата ситуација

Од:

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека израелската копнена офанзива врз Газа ќе ја влоши веќе лошата ситуација, додавајќи дека претстојните санкции ќе сигнализираат дека ЕУ бара крај на конфликтот.

„Утре, Европската комисија ќе презентира мерки за притисок врз израелската влада да го промени курсот во конфликтот во Газа“, рече Калас во објава на социјалната мрежа X.

Шефот на европската дипломатија нагласи дека гореспоменатата офанзива врз Газа ќе значи повеќе смрт, уништување и раселување.

Би можело да ве интересира

Захарова: Каја Калас повторно ја посрамоти Европската Унија

Калас: Трамп намерно го ослабнува НАТО

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина

Калас вети во Киев дека ќе ја повика Русија на одговорност

Каја Калас ги осуди ограничувањата на верските слободи во Ерусалим

Калас: Дипломатијата е единствениот начин да се одржи отворен Ормутскиот теснец