Калас: Ако почнеме да инвестираме во одбрана само кога ни е потребно, ќе биде предоцна

Од:

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека ако почнеме да инвестираме во одбрана само кога навистина ни е потребно, ќе биде предоцна и дека ова е вистина и денес.

„Ако сакаме мир, мора да се подготвиме за војна“, рече Калас, според Анса.

Таа ја даде изјавата во видео порака на Маратонот за мир организиран од Италијанската конфедерација на синдикати (CISL) во Рим.

„Ако не сме подготвени, ризикуваме секое евро што ќе го потрошиме на училишта, болници и култура“, рече Калас.

Би можело да ве интересира

Захарова: Каја Калас повторно ја посрамоти Европската Унија

Калас: Трамп намерно го ослабнува НАТО

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина

Калас вети во Киев дека ќе ја повика Русија на одговорност

Каја Калас ги осуди ограничувањата на верските слободи во Ерусалим

Калас: Дипломатијата е единствениот начин да се одржи отворен Ормутскиот теснец