Национална географија – Вашингтон
Празникот на трудот се слави како меѓународен празник на работничкото движење, но на почетокот на мај луѓето се собирале и славеле уште во времето пред Христос.
На први мај во 1886 година, илјадници американски работници се собрале на улиците на Чикаго за да издејствуваат работно време од осум часа.
Протестите продолжиле и следните денови, а на 3 мај дошло до насилства, сеопшта тепачка меѓу работниците кои припаѓале на синдикатот и тие кои не биле дел од организацијата. Во судирот се вмешала и полицијата, а резултатот бил ужасен: четворица мртви и многу повредени. Меѓутоа, последиците биле уште полоши следниот ден, кога на демонстрациите на Плоштадот Хејмаркет била фрлена бомба. Загинале седум полицајци, а повредени биле 67. По три години подоцна, на Првиот конгрес на Втората интернационала, било одлучено Први мај да биде „заеднички празник на сите земји, кога работничката класа треба да манифестира единство околу своите бараа и својата класна солидарност”. Овој датум е избран во чест на жртвите од Плоштадот Хејмаркет.
Меѓутоа и многу години пред да се соберат американските демонстранти во Чикаго, луѓето на овој датум се дружеле во природа. Во историските записи, најраното спомнување на овој период како време за прослава и дружее се однесува на Флоралија, древен римски фестивал кој се одржувал во чест на Флора, божица на цвеќето и пролетта.
Ова празнување првпат било одржано во 241 година пред новата ера, а потоа во 238 година пред новата ера. Римјаните во текот на Флоралија уживале во весела и често блудна атмосфера, се опивале и приредувале театарски претстави. Како што запишал сатиричарот Јувенал, Римјанките танцувале голи и се бореле во претстави кои биле организирани по примерот на гладијаторските борби. Во голема мера тоа биле проститутки и робинки. Овидије запишал дека на последниот ден на фестивалот биле приредувани трки со зајци и кози, животни кои во стариот Рим често биле поврзувани со плодноста, а Персије запишал дека луѓето завршувале посипани со грав и грашак, исто така симбол на плодноста.
И подоцна, во времето додека со Европа владеело христијанството, во почетокот на мај биле организирани прослави. Така на пример, на територијата на денешна Германија првите денови во мај се славел Свети Валпург, мисионер кој меѓу првите проповедал христијанство на тоа тло. Од 18 век многу римокатолици на почетокот на мај почнале со спроведување на различни обичаи во чест на Богородица, а тогаш почнувала и дводневна прослава во чест на Праведниот Јосиф, сопруг на мајката на Исус.