Кога зборуваме за грешки, да ги наведеме оние прочуени експерименти од психологијата: кога Павлов почнал на својот пес по име Бајкал да го проучува процесот на класично условување, американскиот психолог Едвард Ли Торндајк исто така експериментирал со животни ставајќи ги во различни состојби, набљудувајќи како тие решаваат разни видови на проблеми.
За разлика од класичниот Павлов рефлекс кој Скинер го нарекол респодентен (respons – одговор) и каде ОРГАНИЗМОТ (во овој случај можеме да кажеме и НАЦИЈА) е пасивен и само се однесува реактивно на дразбите на надворешната средина, во оперативното или инструменталното учење (учење по пат на обиди и грешки) организмот (значи, НАЦИЈАТА) врши одредни активности да ги задоволи своите потреби. Тоа однесување е мотивирано од внатрешната состојба и желбата да се дојде до целта. На кој рефлекс ние како нација сме поблиски, не е тешко да се одговори.
Поплавите кои ја погодуваат Србија низ вековите не се малубројни.
Од таа гледна точка, може да се извлече заклучокот дека природата со своите води има потреба малку да се опушти и да оди и таму каде што не и е место. Се сеќавам на деновите кога бев дете, кога почнував да играм шах, се случуваше често да ги губам партиите. Секако, не се чувствував многу пријатно кога слушав од постарите мајстори дека многу е поважно да се анализира ИЗГУБЕНАТА отколку добиената партија. Во изгубената партија анализираш и бараш решение на проблемот, а во добиената партија само начин да се восхитуваш на својата победа! Нешто слично може да се примени на природните катастрофи – во овој случај, конкретно на поплавите.
Фактот дека еден град (на пример Обреновац) трпи големи налети на бранови кои поплавуваат низ својата не толку долга историја, доволно е да се запрашаме на кој начин секој од нас, со своето знаење и идеи може да придонесе таквите работи да се случуваат се поретко и во помал интензитет. Јас не сум експерт во таа област, па така само ќе ги пренесам искуствата на вредни луѓе кои биле во состојба да учат на слични грешки – се работи за Холандија.
Како земја на која 30 отсто од површината (и околу 65 отсто од населението) лежи под нивото на морето, Холандија е идеално место на удар на поплави. Меѓутоа, слушајќи ги експертите кои тука во Холандија се занимаваат со заштита од поплави, стекнувам впечаток дека ризикот од катастрофални епилози е сведен на минимум. Ќе се обидам да ги сумирам нивните искуства, совети и организациските планови:
1. Основниот став при изработка на каква било заштитна мерка е: ТРЕБА ДА СЕ ЖИВЕЕ СО ВОДАТА, А НЕ ДА СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ НЕА! Што практично значи тоа? Холанѓаните знаат дека неконтролираниот раст на водата е постојана опасност и тие првите брани почнале да ги прават уште во 15 век. По големите поплави од 50-тите години од минатиот век, кои резултирале со над 60.000 евакуирани луѓе, Холанѓаните почнале изградба на својот познат одбранбен систем правејќи полдери. Иако во светот бил оценет како еден од најдобрите, тој во извештајот од 1977 година е означен како ризичен поради глобалните природни промени. Холандските власти го игнорирале тоа предупредување, бидејќи поради проширувањето на одбранбените бедеми требало да се срушат многу куќи. Тежок удар, меѓутоа дошол со несекојдневните големи дождови во 1993 година, кога над 200.000 луѓе морале да се евакуираат, а на стотици фарми со животни останале без заштита. Од тогаш, Холанѓаните ги прошируваат истражувањата во борбата против поплавите, дури вложуваат и научни трудови кои се занимаваат со тоа. Еве што е резулатот од тоа…
2. По тој голем пораз, Холандија покренува проект BUILDING WITH NATURE (Да се гради во согласност со природата) кој и денес одлично функционира. Поентата на проектот е паралелна борба на модерните електронски решенија со неизбежната грижа за заштита на природата, посебно таа во крајбрежните региони. Денес во рамки на овој модел функционира естуарската мрежа во високо ерозивните делови на државата, модерни песочни лавиринти кои се користат во превенција од плима од Северното Mоре, како и системи за издигнување на песочни острови во мочуришните предели. На едно од тие острови со големина 2Х2 направен е и најмоќниот европски радио телескоп ЛОФАР. Исто така, моментално се пишуваат околу 20 докторски тези во рамки на наведениот проект, а некои од темите се хабитати околу камените рифови и проекции на влијанија на глобалните климатски промени на услови во крајбрежните региони до 2050 година! Како што можеме да заклучиме од наведеното – се води многу сметка за иднината.
3. Секако, за да не се задржиме само на паметната изградба, Холанѓаните се фокусирале и на паметна одбрана. Системот на интелигентни насипи е вистинско мало ремек дело на едноставност и економичност. Накусо, системот на насипи е искористен за вградување на електронски сензори, кои се одговорни за пренос на реални временски податоци до контролните бази. На тој начин е создаден мониторинг на бедемите за заштита од водата, бидејќи преку сензорите се добиваат информации за сите можни релевантни промени во средината, а исто така тие податоци се земаат предвид и околу оптимимазија на самиот насип. Значи, целта е да се дојде до решение со што помалку потрошена енергија! Холанѓаните велат дека овој систем ги забрзува реакциите на евентуални ненадејни поплави и до три пати.
4. Комерцијалните компании се вклучени во тестирање на паметни материјали, па така TC Geo Detect проектираше прв светски интелигентен геоматеријал. Во спрега со оптичките влакна и специјален софтверски пакет, тој материјал има својство рано да предупредува на деформациите во структурата на земјиштето. На пример, било каква температурна варијација како и пукање на земјиштето може да се детектира во рана фаза и да предупредат за евентуалните последици.
Како што може да се види од овој кус осврт на холандскиот модел, тие се нација која е свесна дека во денешно турбулентно време за човекот и природата не може да се потпре само на обични песочни брани и илјадници пумпи за исфрлување на водата (за нас и тие илјадници пумпи се мисловна именка). Не сакаат ни да се потпираат на радарските метео-станици, колку и да се тие врвно опремени.
А најмалку сакаат да се потпираат на импровизација во моменти на блиска катастрофа. Многу е поважно да се има цел, а за нив тоа е единство на човекот и природата. Учејќи од подобрите, можеме многу да направиме. На нас во Србија природата ни подари многу поголем релјефен избор, многу повеќе работи кои треба да ги чуваме. Да го сфатиме тоа како богатство и како сопствена цел. Во спротивно, приказната за песот на Павлов ќе остане приказна за нас самите.
Дарко Доневски, астрофизичар и писател, истражувач на астрономскиот институт во Лајден во Холандија, соработник на ИС Петница.
Пешчаник – Белград