Каја Калас: ЕУ нема да ги укине санкциите за Сирија додека не се обезбеди заштита на малцинствата и жените

Од:

ЕУ нема да ги укинат санкциите против Сирија додека новата влада во таа земја не се погрижи малцинствата да не бидат прогонувани, како и заштита на правата на жените, изјави високата претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Калас за Ројтерс изјави дека на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделник во Брисел, на кој на дневен ред ќе биде ситуацијата во Сирија, нема да се разговара за проширување на финансиската поддршка за таа земја во споредба со помошта што ЕУ веќе ја дава преку агенциите на Обединетите нации.

„ЕУ е најголемиот донатор на хуманитарна помош за Сирија“, рече Калас.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Во интерес на ЕУ е Западен Балкан да биде со нас

А1он

Калас: ЕК ги постави правните основи за формирање на Трибунал за војната во Украина

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори