Јужнокорејскиот суд го осуди поранешниот претседател Јун на пет години затвор

Од:

Централниот окружен суд во Сеул го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол на пет години затвор за попречување на властите во извршувањето на налогот за апсење во врска со неговиот неуспешен обид за прогласување воена состојба во декември 2024 година.

Судот, исто така, го прогласи Јун за виновен по дополнителни обвиненија, вклучувајќи фалсификување службени документи и непочитување на законската постапка за прогласување вонредна состојба, се вели во пресудата, емитувана во живо, објави Јонхап.

Ова е прва судска пресуда во кривична постапка против поранешниот претседател поради краткорочното прогласување воена состојба.

Би можело да ве интересира

Смртна казна за екс претседателот на Јужна Кореја, бара обвинителството

А1он

Јужна Кореја ја засилува стратегијата за вештачка интелигенција со инвестиција од пет милијарди евра

Седум лица се повредени во експлозија во воената база во Паџу

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Јужнокорејскиот претседател: Се плашев дека ќе завршам како Зеленски пред средбата со Трамп

Ким Џонг Ун: Северна Кореја никогаш нема да ја гледа Јужна Кореја како дипломатски партнер