Јужна Осетија ја призна независноста на Доњецка народна република

Од:

Јужна Осетија ја призна независноста на сепаратистичката Доњецка народна република, изјави претседателот Леонид Тибилов.

По Луганската република и Врховниот совет на самопрогласената Доњецка народна република испрати молба за признавање до јужноосетиските власти.

Барањето беше разгледдано на седница на Советот за безбедност на Јужна Осетија, при што е донесена одлука за признавање на Доњецка народна република.

– Сметам дека признавањето на независноста на Доњецка народна република е правилен и неопходен чекор. Народот на нашата Република во целост ја поддржува и поздравува одлуката за признавање на независноста на Доњецк и на Луганск, истакна Тибилов.

Тој го задолжи Министерството за надворешни работи на Јужна Осетија да преземе чекори за воспоставување дипломатски односи со Доњецка народна република.

Би можело да ве интересира

Руските сили ја презедоа контролата врз градот Новогородовка во Доњецк

Русија зазеде уште едно важно место во Доњецк

(ВИДЕО) Гранатиран трговски центар во близина на Доњецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Доњецк: Најмалку две жртви, четворица ранети во украински ракетен напад

А1он

Началникот на руската војска: Фокусот на Москва е „ослободувањето“ на украински Доњецк

А1он

Снимка од нападот на окупираниот Доњецк

А1он