Јусаф: Израелските функционери предлагаат етничко чистење во Појасот Газа

Од:

Шкотскиот премиер Хамза Јусаф ги обвини високите функционери на израелската влада дека предлагаат „етничко чистење“ во Појасот Газа.Тој наведува дека тоа ќе се постигне со раселување на Палестинците и доведување израелски доселеници.

Шкотскиот премиер им понуди силна поддршка на Палестинците, велејќи дека често повторуваните коментари на високи израелски функционери кои повикуваат на раселување на Палестинците од Појасот Газа се пример за дефиницијата за етничко чистење, пишува Глазгов Хералд.

„Газа е окупирана палестинска територија и ќе биде дел од идната палестинска држава. Народот во Газа не треба да биде предмет на принудно раселување или преселување. Мислам дека политичките лидери треба да престанат да зборуваат глупости и да го нарекуваат она што го гледаат со вистинското име. Во Газа немаме само хуманитарна криза, туку и високи функционери на владата на Нетанјаху кои даваат изјави кои, искрено кажано, се пример за дефиницијата за етничко чистење. Ова мора да се осуди најстрого“, рече Јусаф.

Тој истакна дека водачите на Хамас исто така мора да бидат одговорни за ужасните напади врз израелските цивили на 7 октомври. Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир е еден од израелските официјални лица кои повикаа на „охрабрување на миграцијата на жителите на Газа“, што, според него, ќе му овозможи на Израел да ги „врати дома“ жителите на поранешните израелски населби во палестинската енклава.

Ваквите изјави беа широко осудени на меѓународно ниво, вклучително и од ЕУ и САД. Шкотскиот премиер Хамза Јусаф е оженет со Надија Ел-Накла, која има палестински татко и семејни врски со Газа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Хамас ги надомести речиси сите загуби што му ги нанесе Израел, тврди Блинкен

Катерина Ѓуровски