Јункер: Овој месец нема да има спасувачки план за Кипар

Од:

Претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер смета дека е потребно повеќе време за спасувачкиот план за Кипар, кој не се очекува да биде договорен овој месец.

– Мислам дека нема да бидам во состојба да најдам решение овој месец, туку ќе биде потребно повеќе време, изјави Јункер пред Европскиот парламент.

Германската канцеларка Ангела Меркел, која се очекува утре на Кипар да учествува на конгресот на Европската народна партија, вчера истакна дека нема да има специјални услови за спас на Кипар, бидејќи истите правила важат за сите.

Истовремено, владините партнери на Меркел изразија сериозни сомневања за тоа доколку е можно германскиот Парламент да одобри спасувачки пакет за Кипар.

– Никогаш не сме барале посебен однос. Тоа што го сакаме е солидарност – основен принцип на ЕУ кон една држава-жртва на европската одлука за реструктуирање на грчкиот долг, истакна кипарскиот владин портпарол Стефанос Стефану.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа