Јун Сук-Јол го напушти притворот во Сеул

Од:

Импичментираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол утринава го напушти притворот во Сеул по налог на обвинителството, откако судот го прифати барањето на Јун да го поништи налогот за негово апсење, соопшти обвинителството.

Специјалниот истражен тим соопшти дека го известил притворскиот центар во Јужен Сеул да го ослободи Сук-Јол, еден ден откако Централниот окружен суд во Сеул нареди ослободување, по што тој ќе се брани од слобода во судскиот процес против него, објави Јонхап.

Според неофицијални проценки на полицијата, околу 38.000 приврзаници на Јун се собраа денеска во Сеул, додека 1.500 луѓе демонстрираа против него.

Би можело да ве интересира

Јужнокорејскиот суд го осуди поранешниот претседател Јун на пет години затвор

Смртна казна за екс претседателот на Јужна Кореја, бара обвинителството

А1он

Јужна Кореја ја засилува стратегијата за вештачка интелигенција со инвестиција од пет милијарди евра

Седум лица се повредени во експлозија во воената база во Паџу

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Јужнокорејскиот претседател: Се плашев дека ќе завршам како Зеленски пред средбата со Трамп