Јохансон: Потребен е план за прераспределба на бегалците од Украина

Од:

Европската унија мора да се подготви за зголемен бран бегалци кои бегаат од Украина, изјави денеска еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, пренесе ДПА.

Јохансон кажа дека не знае колку луѓе ќе дојдат во ЕУ, но дека 27-члената Унија треба „да се подготви за милиони“.

-Досега, околу 300.000 Украинци успеаја да допатуваат до ЕУ, бегајќи од руската воена инвазија врз Украина, рече таа.

Меѓутоа, досега само неколку поднеле барање за азил или побарале заштита во засолништата на земјите-членки. Место тоа, повеќето од нив остануваат кај пријатели или роднини.

Јохансон денеска кажа дека ЕУ мора да се подготви за уште повеќе Украинци да побараат засолниште и дека таа подготвува план за земјите-членки да ги координираат напорите и потенцијално да ги прераспределат бегалците.

-Ниту една земја од ЕУ сè уште не побарала прераспределување на бегалците, дури ниту оние што се директно на границата со Украина, како Полска и Унгарија.

Според полската гранична стража, од почетокот на војната, пред четири дена, во Полска пристигнале повеќе од 200.000 бегалци од Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Украина транспортирала околу 11,36 милиони тони руска нафта преку нафтоводот Дружба во 2024 година

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

„Нуклеарна сила да му прави отстапки на Киев, тоа никој не го разгледува“, Медеведев за германското сценарио за Украина

Катерина Ѓуровски