Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави денеска дека цел на воените набавки на Романија не е затегнување на односите со Русија туку јакнење на одбраната на државата.
Американскиот Стејт департмент одобри овој месец продажба на ракетен систем Патриот за Романија во вредност од 3,9 милијарди долари.
– Не се подготвуваме да нападнеме никого. Се подготвуваме нашата армија да профитира од модерните ефикасни својства на тоа оружје. Нивна цел е да не одбранат, да гарантираат безбедност за Романците, изјави Јоханис.
Околу 5.000 војници од НАТО и партнерски држави учествуваат денеска на вежби во Романија. Патриот е мобилен систем за воздушна одбрана наменет за пресретнување тактички балистички ракети, крстосувачки ракети и летала кои ниско летаат.