Јенс Столтенберг: Никој не може да гарантира дека САД ќе останат во НАТО

Од:

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека никој не може да гарантира дека САД ќе останат во Алијансата, но дека е убеден дека треба да се направи сè што е можно за да се намали ризикот од нивно излегување.

„Не можам да ветам дека САД ќе останат во НАТО, никој не може. Сепак, сум убеден дека треба да направиме сè што можеме за да го намалиме ризикот од излегување на САД и дека ние самите сме во најдобра можна позиција да се справиме со тоа ако се случи“, изјави тој за весникот „Шпигел“.

Столтенберг додаде дека „односите со САД мора да се градат, а тоа значи дека мора да кажеме кога не се согласуваме со нив“.

Би можело да ве интересира

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Руте: НАТО подготвен за мисија во Ормутскиот теснец

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Келог: Време е за нов сојуз

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО