Јеменските сепаратисти прогласија автономија

Од:

Јеменската сепаратистичка група Јужен преоден совет соопшти дека ќе воспостави самостојна администрација во регионите што се под негова контрола, додека меѓународно признаената Влада во Сана предупреди дека тоа ќе има „катастрофални последици“ по мировниот договор, што беше постигнат во ноември минатата година.

Договорот предвидува претставниците од сите региони од јужниот дел на Јемен да се придружат на новата национлана влада и своите сили да ги стават под контрола на меѓународно признаената влада.

Јужниот преоден совет, кој е поддржан од Обединети Арапски Емирати, соопшти дека во градот Аден и сите јужни региони воведени се вонредни мерки.

Во Јемен со години трае граѓанската војна помеѓу бунтовниците Хути и меѓународно признаената Влада на претседателот Абдрабо Мансур Хади. Саудиска Арабија и нејзините сојузници од 2015 година интервенираат на страната на Хади, додека Хутите имаат поддршка од Иран.

Јемен е една од најсиромашните арапски држави, која се сочува со најголема хуманитарна криза предизвикана од војната.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида