Јемен: Терористи убија осум војници

Од:

Осум јеменски војници, меѓу кои и еден висок офицер, се убиени во заседа која им ја поставиле бунтовниците, за време на посетата на уништениот главен гасовод.

Министерството за одбрана нападот во провинцијата Мариб го нарече “терористичка заседа” и потврди дека меѓу убиените е и началникот на централниот воен регион на Јемен.

Официјални лица задолжени за безбедност претходно соопштија дека веруваат оти заседата е поставена од припадници на Ал Каеда.

Војската минатата недела започна офанзива во богатата со нафта провинција источно од главниот град, против бунтовниците кои повеќе пати во последно време го напаѓаа гасоводот и далноводите.

Во заседата, бунтовниците украле шест воени возила, пренесува АП.
заод најактивните во светот и им помогне на властите на земјата да ги засили кампањата против терористите.

САД го сметаат огранокот на Ал-Каеда во Јемен за најактивен во светот и им помогаат на властите на земјата да ја зајакнат кампањата против терористите.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида