Министерот за надворешни работи на Јемен Абу Бакар Абдала ал Кирби на меѓународна средба во Лондон ги изнесе проблемите со кои е соочува најсиромашната арапска држава.
– Можеби Јемен се спаси од пропаст, но се уште се соочува со мошне големи предизвици – политички, економски и социјални, нагласи тој на средбата на организацијата „Пријатели на Јемен“.
Групата од 35 држави и меѓународни организации беше формирана во 2010 година за поддршка на земјата во нејзината борба против исламистичкиот екстремизам, како и за пружање помош за развивање на економијата на земјата.
Петиот круг од преговорите во рамки на „Пријатели на Јемен“, имаше за цел да лобира енергично за начинот на кој ќе се искористат приближно 7,5 милијарди долари, кои ги вети организацијата.
– Има напредок, но патот е долг и остануват многу предизвици, изјави минисерот за надворешнин работи на Велика Британија, Вилијам Хејг.
Тој предупреди дека нестабилноста во Јемен може да има пошироки последици за Блискиот Исток.
Конференцијата е важен чекор во процесот на транзиција на земјата, која почна минатата година со предавањето на власта во рацете на претседателот Абд Рабу Мансур Хади од страна на долгогодишниот управувач Али Абдула Салех. Хади се соочува со континуираната нестабилност, особено во јужниот дел на земјата, каде бунтовниците бараат независност за поранешната марксистичка ребупика Јужен Јемен.
– Меѓународната заедица има јасно предупредување кон оние, кои сакаат да го прекинат мировиот процес, кој е во тек, рече Хејг.