Јемен откри заговор на Ал Каеда и спречија терористички напад

Од:

Јеменските безбедносни сили открија дека Ал Каеда кова заговор да ги заземе објектите за извоз на нафта и гас и еден провинциски град во источниот дел на земјата, соопшти денеска Владата во Сана.

Портпаролот на јеменскиот премиер Мохамед Салем Басиндва соопшти дека било планирано повеќе од десетина борци на Ал Каеда во униформи на јеменската армија да упаднат во објектите.

Во денешниот напад на американска беспилотно летало во јужната јеменска провинција Шабва убиени се седум луѓе, за кои постои сомнение дека биле членови на Ал Каеда. Тоа е петти таков напад од 28 јули, а во сите акции убиение се 24 лица. Се претпоставува дека сите тие биле поврзани со Ал Каеда.

Јеменските власти вчера објавија список од 25 најбарани терористи, кои наводно планирале напади во земјата и понудија награда од 23.000 долари за информација која би довела до нивно апсење.
Full article

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен