Јемен: Експлодираше генератор, 14 жртви

Од:

Најмалку 14 лица загинаа, кога во едно село во Јемен експлодираше домашен генератор за струја, покрај кој се наоѓала складирана нафта.

Меѓу загинатите се осум жени, а експлозијата целосно уништила двокатна куќа во селото Кадам.

Алези ал Шаджаф изјави дека во експолозијата се повредени четири лица, а верува дека причината за несреќата е краток спој на струјата.

Според неговите зборови, генераторот бил сместен во една мала соба, заедно со нафтата.

Домашните генератори се многу употребуваат во Јемен, бидејќи има чести прекини со снабдувањето на струја.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

Тревога во Израел: Војската „пресретна“ проектил истрелан од Јемен

Израелската војска пресретна две ракети од Јемен

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки