Јемен е во потрага по 25 терористи од Ал Каеда

Од:

Јеменските власти публикуваа список од 25 терористи од Ал Каеда на Арапскиот полуостров кои планирале терористички напади во Сана и други градови во државата.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека осомничените планирале да нападнат канцеларии на странски организации и јеменски објекти.

Во списокот е и името на Саудиецот Мохамед ел Рубаиш, шеф на јеменски огранок на Ал Каеда.

Силите за безбедност ќе платат по 23 илјади долари за информации за апсење на кој било од осомничените.

Акцијата на јеменските власти се случува по затворањето на 20 американски дипломатски мисии во муслиманскиот свет по предупредувањата за можен напад од страна на Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен