Јапонскиот министер за правда поднесе оставка поради несоодветен коментар

Од:

Јапонскиот министер за правда Јашухиро Ханаши денеска поднесе оставка до премиерот Фумио Кишиди поради несоодветен коментар за смртната казна.

Ханаши пред два дена на партиски состанок изјавил дека неговите одлуки можат да се појават во вестите за време на ручекот само кога го користи својот печат да одобри погубување.

Поради изјавата на Ханаши опозицијата го критикуваше премиерот Кишиди. Критики, исто така имаше и во неговата партија.

Ханаши на функцијата е само три месеци. Кишида денеска го одложи заминувањето на трите претстојни самити во Југоисточна Азија за да најде замена за Ханаши. Јапонскиот премиер ќе учествува на Самитот на Здружението на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН) што се одржува во Мјанмар, на Самитот на Г20 во Индонезија и на Форумот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕЦ) во Тајланд.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он