Јапонската армија со упатства во случај на средба со НЛО

Од:

Јапонското Министерство за одбрана и силите за самоодбрана добија упатства во случај на средба со неидентификувани летечки објекти (НЛО), кои, меѓу другото, посочуваат да се соберат што повеќе информации за објектот.

Како што објави телевизијата НХК денеска, релевантните упатства се одобрени од министерот за одбрана Таро Коно и испратени до војниците во писмена форма.

Во инструкциите има барање пилотите што побрзо да ја известат командата за појавата на неидентификуван летечки објект или беспилотно летало. Покрај тоа, документот ги утврдува барањата за анализа на добиените податоци и проценка на можна закана за безбедноста на Јапонија. Пилотите исто така мора да фотографираат или да прават видео снимки на објектот.

Во април, Коно нареди подготовка на упатства за Силите за самоодбрана во случај на средба со НЛО. Во исто време, министерот појасни дека не верува во нивното постоење.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он