Јапонија ја потврди смртта на 10 лица од потонатиот брод

Од:

Јапонските власти ја потврдија смртта на 10 лица кои претходно беа пронајдени во близина на брегот на северниот остров Хокаидо во областа на исчезнувањето на туристичкиот брод КАЗУ 1, кој испратил сигнал за потонување. Ова денеска го објави ТВ каналот NHK, повикувајќи се на извори од јапонската крајбрежна стража.

Претходно беше соопштено дека пронајдените лица се во бессознание. КАЗУ 1 во саботата попладне испратил сигнал дека почнува да тоне, по што била прекината комуникацијата со бродот.

На бродот имало 24 патници, меѓу кои и две деца, како и капетанот и неговиот помошник. Во потрагата по останатите 16 патници, кои најверојатно загинале во студените води со дневни температури од 2-3 степени, се вклучени крајбрежната стража и војската.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он