Јапонија: Братот на досегашниот премиер назначен за министер за одбрана

Од:

Нобуо Киши, помалиот брат на јапонскиот премиер во заминување, Шинзо Абе, од утре ќе биде нов министер за одбрана, соопшти денеска висок функционер во јапонската Влада.

Киши, поранешен заменик-министер за надворешни работи, ќе биде дел од новиот кабинет на Јошихиде Суга, што ќе се формира в среда, пренесува агенцијата Кјодо.

Суга, поранешниот генерален секретар на Владата, на неговото досегашно место ќе го назначи поранешниот министер за здравство, Катзунобу Като, додека досегашните министри ќе останат на своите министерски места.

Меѓу членовите на владата кои ќе ги задржат своите места се министрите за надворешни работи и министерот за финансии, Тошимитсу Мотеги и Таро Асо.

Суга ќе биде избран за премиер на утрешната вонредна седница на јапонскиот Парламент-Кокаи, откако на партиските избори во понеделникот тој ги победи двајца противкандидати за позицијата лидер на владејачката Либерално-демократска партија.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он